Top
Tushiranje-iLike-mk

Делот од телото кој прв го миете додека се туширате открива нешто за вас

Делот од телото со кој го започнувате процесот на бањање или туширање зборува за вашиот карактер.

Доколку сте личност на која ѝ се допаѓаат ваквите анализи на карактерот, со сигурност и оваа статија ќе ви биде интересна за читање.

КОСА
Само уметничките и креативни типови на луѓе прво ја миjат косата. Мечтаењето е вашата страст, но можете да го постигнете и она што повеќето други не можат. Ви недостасува малку упорност и посветеност кон целите, но подготвени сте да работите неуморно за да ја реализирате саканата цел. Парите не ви се воопшто важни. Пријатели ви се често интелектуалци или уметници. Талентот е ваша водечка сила. Поврзете се со природата и духовни димензии и ќе бидете посилна и покреативна личност. Животен партнер барајте меѓу оние кои би избрале „гради“.

ГРАДИ
Оние кои започнуваат со миење на градите се приземјени типови и практичари. Едноставни, чесни и не заобиколуваат. За вас се најважни практичноста и леснотија. Мразите расеаност. Воедно, мразите некој да ви попречува додека се концентрирате и нетрпеливи сте кон луѓето кои не ги гледаат работите на ист начин како вие. Вие сте добар и верен партнер, подготвен да се жртвува во врска.
Обидете се да се опуштите малку, не грижете се толку многу. Релаксирајте се малку, опуштете се и вашиот живот ќе биде многу поубав. Ваши најдобар партнер е личноста која почнува со „косата“.

ПАЗУВИ
Сигурните и вредни луѓе први ги миjат пазувите. Сакате да им помагате на другите луѓе. Понекогаш лошо ги проценувате луѓето и грешно ја перцепирате околината. Вредни сте и поседувате неверојатен талент. Но, помалку сте наивни и им верувате на сите. Зголемете ја вашата внатрешна и духовна сила и ќе биде помоќни и позадоволни од себе. Партнер барајте меѓу оние кои прво ги сапунираат „рамењата“.

Tushiranje-iLike-mk-2

ЛИЦЕ
На оние кои прво го мијат лицето, парите им се особено важни и подготвени се многу да се помачат и добро да се испотат за да ги добијат. Преферирате да имате луѓе околу вас од кои имате корист. Понекогаш мислите дека животот е една големо малтретажа. Имате бујна фантазија и голем број желби. Обидете се да бидете малку помеки и повеќе достапни во врска. Поседувате голем потенцијал. Вашиот најдобар партнер во животот ќе биде оној кој избра „останати делови од телото“.

РАМЕЊА
Тие што прво ги мијат рамењата се одговорни лучности. Вие давате сè од себе во сè што правите. Често поминувате време во самотија, но на тој начин ги полните батериите. Самотијата ви е потребна за да дојдете при себе. Пари и моќ не ве привлекуваат многу, многу. Во љубовта, вие сте лојални и стабилни. Понекогаш пуштете го кормилото и одморајте се повеќе на свеж воздух. Идеален партнер е лицето кое прво ги мие своите „пазуви“.

ОСТАНАТИ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО
И оние кои прво ги мијат другите делови од телото имаат своја вредност, но понекогаш е тешко да се забележат. Длабоко во себе сте добар човек со минимален авторитет. Време е да почнете да живеете авантуристички. Претставете ги вашите ресурси на други. Клучот за подобрување на односите со другите е во истакнување на сопствените квалитети, а не во сокривањето на сопствените недостатоци. Во љубовта сте страсни и интуитивни во мислите, а во пракса стравот од неуспех понекогаш ве спречува да се опуштите и уживате. Работете на својот внатрешен развој и сите ваши потенцијали ќе дојдат до израз. Вашиот идеален партнер е барајте го во оној кој започнува со „лице“.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *