Top
Majka_dete_IQ_iLike_mk

Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајките

Научниците потврдија дека децата ја наследуваат интелигенцијата од своите мајки, па сега можете слободно да велите „Паметна/ен сум на мама“. Според најновите истражувања, гените на интелигенцијата се сместени на хромозомот X, а бидејќи жените носат по два такви хромозоми, тоа значи дека е двојно поверојатно децата да ја добијат интелигенцијата од мајката.

Дури и ако таткото даде некој ген на интелигенција, големи се шансите дека тој нема да има влијание на мозочната структура, зашто, според студијата на „Psychology Spot“, ако истиот ген дојде од таткото, тој се деактивира. Од друга страна, другите гени дејствуваат спротивно, односно се активираат само ако доаѓаат од таткото.

Дали сакате уште докази? Медицинскиот совет за истражување и Единицата за науки на јавно здравство од САД направиле студија за мајките уште во 1994 година, итервјуирајќи млади луѓе од 14 до 22 години. Нивните прашања биле концентрирани на коефициентот на интелигенција (IQ) на децата, нивната раса, образование и социоекономски статус. Сепак, најдобар фактор за предвидување на нивната интелигенција бил коефициентот на интелигенција на нивната мајка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *