Top
Film Review The Lucky One

Дали сте жена за забава или жена за врска?

Најчесто жените за забава не се доживуваат себеси на тој начин и затоа многу често се случува да западнат во депресија, бидејќи не им е јасно зошто не можат да остварат вистинска врска. За мажите постојат две категории на жени: жени за забава и жени за врска.

Женa за врска
Овие жени својата страст ја откриваат со говорот на телото и заведуваат префинето. Сексуалноста е дел од нивната личност и делуваат потполно природно. Кога заведуваат умеат да го задржат интересот на мажите со комплименти. На тој начин му даваат до знаење на мажот дека се заинтересирани за него, но дека тој сѐ уште треба да се труди околу нив. Интересните детали ја подигнуваат атмосферата, па така овие жени знаат да ја остават „расфрлена” својата долна облека со тантела низ станот со цел тој да ја види, односно знаат како да ја подигнат атмосферата и да ја одржат страста на идната врска.

Жена за забава
Жените кои мажите ги гледаат како забава за една ноќ, уште на првиот состанок со нив зборуваат за секс. Овие жени секогаш на состанокот доаѓаат во предизвикувачка, провокативна облека, која ги открива сите атрибути. Мажите во секоја прилика им даваат комплименти, а најдоцна на третиот состанок овој тип на жени е веќе во долна облека. Дури иако се договорат дека нема ништо да се случува помеѓу нив, сепак од галењето ќе прејдат на секс на првите состаноци и тука се појавува проблем. Веќе после третиот состанок искрата се гасне, бидејќи тој добил сѐ што сакал.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>