Top
opsesija_so_sminka

Дали сте опседнати со шминка?

Шминката ни помага да изгледаме поубави, но многу од нас и неретко претеруваме, па без неа како да не можеме да одиме никаде.

Ако имате резерва уште две потполно нови и неотворени пакувања пудра, кои ги чувате за секој случај. За црните денови сте спремиле резерва коректори и тоа еден течен за подочниците и во стик за други неправилности.

Кога ќе излезете во продавница наутро, иако едвај очи сте отвориле, веќе сте успеале да ставите малку пудра, течна или во прав и само малку маскара, па дури и малку руменило.

Пријателката ве повикала да излезете пред зграда на пет минути. За минута спремна, си нанела тонирана крема, специјално за итни случаеви. Таа е сигурно нашминкана, нема сигурно да си дозволиш да те гледа како да си болна.

Треба да преспиете кај момчето. Сте го наместиле алармот, сте подесиле на вибрации за тој да не го слушне и наутро пред тој да се разбуди, одите до тоалетот малку да се дотерате. Нема сигурно наутро да се разбуди покрај страшило и да се прашува што се случило со онаа девојка која што бил со неа минатата вечер.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *