Top
trening

Дали се тренира со празен стомак?

Нема многу истражувања на оваа тема, а повеќето од спроведените тврдат дека тренингот со празен стомак нема да помогне при забрзано слабеење, но само ќе имате помалку енергија за оптимално вежбање.

Од друга страна пак, нутриционист тврди дека тренинг на празен стомак е одличен за оние што се обидуваат да одржат дефицит на калории и да изгубат тежина затоа што по тренинг, вашето тело ќе копнее по протеини, а не за јаглехидрати и шеќери, како што е случај кај повеќето луѓе.

Фитнес тренери сметаат дека треба да јадете лесен оброк, претежно протеини и здрави масноти, еден час или два пред тренинг, и на тој начин да имате доволно енергија да тренирате и вашето тело ќе биде принудено да троши маснотии затоа што не сте биле нахранети со јаглехидрати.

Всушност, нема ништо лошо во правење тренинг на празен стомак, но ако сметате дека на вашето тело не му е пријатно и се чувствувате лошо потоа, најдобро е да го послушате советот на тренерот и да изедете некој протеински оброк пред вежбање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>