Top
zaboravanje

Дали и вие често заборавате?

Дали често ви се случува да заборавите некој роденден или обврска? Сте влегле во некоја прсторија и не сте знаеле за што сте влегле? Оваа заборавеност нема никаква врска со годините или со полот, и не е предодредена од големината на мозокот. На оваа состојба најмногу влијае начинот на живот, и со текот на времето се опуштивме и “заборавивме” да го користиме мозокот. Ако го заборавите името на актерот од вашата омилена серија или филм, полесно е да го земете телефонот и да погледнете преку интернет отколку да го се потрудите да се присетите.

Секој од нас е роден со одредена количина на неврони, а стареењето го намалува бројот на нервните клетки. Новите истражувања велат дека допаминот може да предизвика формирање на нови неврони во мозокот на возрасен човек. Допаминот е поврзан со мозокот, што значи дека се уште постои надеж за подобрување на неговата функција.

• Вежбајте го мозокот. Читајте, решавајте крстозборки и учете секојневно по нешто ново.

• Тренирајте, бидејќи физичката активност е исклучително важна за здравјето на мозокот.

• Јадете храна полна со Омега 3 масни киселини, непреработена и органска.

• Дружете се, бидејќи дружењето и комуникацијата со други луѓе е потреба за стимулација на мозокот.

• Испробувајте нови работи, научете нов јазик, нова песна или научете да свирите на некој инструмент.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *