Top
Cudni-seks-zakoni-iLike-mk

Чудни секс закони кои владеат во САД

Водењето љубов би требало да биде целосно интимен чин меѓу две лица. Но, не е така и во САД. Имено, во некои сојузни американски држави во самиот сексуален чин свои „прсти“ пушта и Владата.

Еве неколку неверојатни закони кога е водењето љубов во прашање:

- Во Њу Хемшир со закон е забрането неверство на сопружниците. Меѓутоа, под поимот неверство се подразбира вонбрачна афера која резултира со вонбрачно дете. Таков закон е во сила од почетокот на 19-тиот век, но наскоро би можел да биде сменет,

- Џорџија ги казнува луѓето кои поседуваат било каква секс-играчка,

- Во САД илегално е да се биде премногу секси. Овој закон дополнително е проширен во 2011-та година со цел спречување на проституцијата. Накусо, според законот, секој кој е облечен предизвикувачки најверојатно планира да го продава своето тело,

- Во Калифорнија постои закон со кој се забранува секс без користење заштита,

- На Хаваи неодамна стана противзаконски секс меѓу полицајци и проститутки,

- Верувале или не, прељубата со закон е забранета и во Њујорк. Пред четири години една жена е уапсена поради секс во парк на клупа. Полицаецот кој ја уапсил имал информација дека е мажена, па обвинета е и за прељуба,

- Според законите на Небраска, жители не можат да се венчаат доколку боледуваат од гонореја,

- Дури четири американски сојузни држави (Луизијана, Северна Каролина, Оклахома и Канзас) забраниле содомија, но технички дозволуваат некрофилија,

- Момците од Колорадо мора да внимаваат и добро да размислат дали ќе ја бакнат својата сакана додека спие. Тоа е чин кој бил забранет според старите закони,

- Алабама во склоп на сексуалните закони има наредба дека жената не смее да иницира секс во базен,

- Во неколку американски држави, помеѓу кои се вбројуваат и Аризона, Охајо и Њујорк, со закон е забранета ерекцијата во јавност,

- Луѓето во Вашингтон се осудени на креативност, но надвор од креветот. Имено, сите пози освен мисионерската, строго се забранети со закон,

- Во Мичиген заведување на немажена жена од страна на маж е казниво со 5 години затвор,

- На Флорида е противзаконски да се живее во вонбрачна заедница,

- Таксистите во Мејн не смеат да превезуваат пијани девојки во автомобило кои се враќаат од некоја забава или ноќен клуб, бидејќи строго е забрането девојката да му понуди секс на маж.

Можеби знаете и вие некој чуден секс закон?! Доколку да, пишете нѝ.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>