Top
cigara

Цигарите и УВ зраците додаваат 10 години на Вашето лице

Повеќе од 50% од нашиот изгледот зависи од генетиката, но 33% од животните навики. Жените кои пушат цигари и не користат крема за лице изгледаат 10 години постаро од оние кои ја негуваат својата кожа.

Дека лошите навики додаваат 10 години на лицето на жените, покажува студија која била спроведена во Велика Британија, Кина и Шпанија. Истражувањето било спроведено на 585 жени, на возраст од 25-75 години.
Прекумерното изложување на штетни УВ зраци, пушење цигари, исхрана која не вклучува многу овошје и неупотреба на хидратантна крема ја уништуваат кожата и го забрзува нејзиното стареење.

„Негата на кожата не значи само употреба на скапи креми. Најважна е здравата исхрана и промени во животниот стил. Секоја ваква промена е добредојдена и може да ја разубави кожата.“ – вели Д-р Ендру Мајерс.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *