Top
Што кажува за вас часот во кој сте се родиле

Што кажува за вас часот во кој сте се родиле

Времето од 24 часа е поделено на шест нумерички единици. Научниците велат дека не е сеедно ако сте се родиле во текот на утринските часови, околу пладне, или пак, навечер.

Родени помеѓу 00:01 и 04:00
Вие сте сталожени и тивки. Големи сонувачи сте и знаете да изградите свој замок во облаци. Имате бујна фантазија, но тешко се снаоѓате во реалниот свет. Симпатични сте им на луѓето околу вас.

Родени помеѓу 04:01 и 08:00
Вие сте итри и упорни во сите животни апекти, особено во практичните работи. Лесно се снаоѓате во реалниот свет, а се стремите да им бидете авторитет на другите. Имате потреба постојано да се докажувате и да ги уверувате луѓето околу вас за вашите квалитети.

Родени помеѓу 08:01 и 12:00
Вие сте личност со вера, надеж и ентузијазам. Насекаде зрачите со несебична љубов и топлина. Наклонети сте кон уметноста и филозофијата, а имате и многу други таленти. Луѓето ве обожаваат.

Родени помеѓу 12:01 и 16:00
Вие сте ведри, пргави и полни со енергија. Ги сакате практичните работи, а талентирани сте за говорење, математика и физика. Можете да бидете што сакате доколку ја насочите вашата енергија во вистински правец. Сестрана личност сте и во многу професии го покажувате својот креативен дух.

Родени помеѓу 16:01 и 20:00
Вие сте немирни и по малку нервозни, движењата ви се динамични, зборовите силни, брзо размислувате и брзо делувате. Сакате да грабнете што е можно повеќе од животот. Исто така, често ги менувате одлуките и ставовите. Тој што не ве познава добро би помислил дека сте брзоплети, но вие сте многу совесни за тоа што го правите.

Родени помеѓу 20:01 и 24:00
Вие сте упорни и истрајни на сите полиња. Сакате да доминирате над работите и ситуациите. Склони сте кон филозофија и книжевност, рационални сте и продуховени. Ја привлекувате околината, авторитет сте во семејството и друштвото. По малку делувате надмено, но тоа е бидејќи многу верувате во себе. Полни сте со самодоверба и креативна енергија.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>