Научниците од Универзитетот „Оксфорд” тврдат дека редовната консумација на чај и чоколадо ја подобрува меморијата.
Британските научници велат дека оние кои не сакаат слатко, можат да го заменат чоколадото со чаша црвено вино. Тоа е исто толку добро и му помага на умот, но сепак предупредуваат дека умерена доза од овие продукти мора да се почитува.
Според експертите, некои продукти навистина се способни да ја подобруваат меморијата и да ги зајакнуваат менталните активности благодарение на состојките во нив, кои го забавуваат стареењето на мозочните клетки. Тие посочуваат дека колку повеќе се зголемува возраста на човекот, толку повеќе се засилува позитивниот ефект од чајот, чоколадото и виното.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!