Top
luge

Брутално искрен хороскоп

Несомнено, ова е најискрениот и најбруталниот хороскоп кој сте го прочитале. Во него нема задршка, нема „дотерување“, нема милост.

Овен
Вие само продолжете да живеете во убедување дека сте безгрешни. Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте исклучително посесивни и лицемерни. На другите им ја ограничувате слободата, а својата себично ја браните. Во вас нема ни трошка нежност.

Бик
Досадни сте до граница на неподносливост, па дури и повеќе. Кога имате некаква цел, вашата упорност ги убива луѓето во поим. Кога сте лути, тотално полудувате и во состојба сте со своите рогови да пробиете и челик.

Близнаци
Предавници и озборувачи. Вашиот живот не би имал смисла без интриги и сплетки. Површни сте и само барате некого што ќе се грижи за вас бидејќи не сте способни самостојно да живеете.

Рак
Осветољубиви сте и живеете според принципот „кој чека, ќе дочека“, а кога еднаш ќе дочекате можност за освета, се претворате во монструм и садист. Мошне добро знаете да ги наплатите пролиените солзи.

Лав
Арогантни, нарцисоидни, полни со себе – да, тоа сте вие, Лавовите. Посакувате внимание, како болните што го посакуваат сонцето, а всушност сте искомплексирани.

Девица
Опседнати сте со чистотија и уредност, но не во позитивна смисла. Ги полудувате сите околу себе и луѓето не сакаат да ви доаѓаат на гости. Кај вас и љубовта е пресметана, студени сте и безчувствителни.

Вага
Мрзеливи сте до таа мера што ви е тешко да одите и до тоалет. Лажете и ги избегнувате обврските, а при тоа сте и иритантно неодлучни.

Скорпија
Вие живеете за освета. Ужасно сте деструктивни. Кога нешто не ви оди како што сте замислиле, подготвени сте се да уништите, а кога тонете, себично повлекувате се со себе.

Стрелец
Лицемери, преполни сте со пороци, но сеедно глумите морална вертикала и на сите околу себе им држите проповеди. Емоционално сте мошне нестабилни и никогаш не знаете што сакате.

Јарец
Терач на робови. Апсолутно безчувствителни и себични. Дури и вашите најблиски понекогаш се прашуваат имате ли вие чувства. За успех и кариера и родената мајка би ја продале, а емоционално сте потполно неписмени.

Водолија
Себични сте до крајни граници. Мислите само на себе и никогаш не се откажувате од вплеткување во туѓите животи. За се ги обвинувате другите, бидејќи вие, се разбира, сте совршени.

Риби
Толку кукате и се жалите што веќе помалку им здосадувате на луѓето. Сфатете дека самосожалувањето нема да ви помогне. Не сте способни за самостоен живот бидејќи вие само кукате наместо да преземете нешто. А кога треба да се соочите со проблемот, едноставно бегате. Вие сте најобична кукавица.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>