Top
Harmonichen-brak-iLike-mk

Бракот е неверојатно важен за вашето здравје!

Резултатите од истражувањето на Медицинската школа на Универзитетот Харвард покажуваат дека раното мажење и мирниот брачен живот се ветуваат за долговечност, барем кај мажите. Повисоките приходи и подоброто здравје исто така не се за занемарување.

Мажите кои ги поминуваат деновите и ноќите во пребарување на партнерка, живеат пократко во споредба со оние кои вложуваат помалку напор во пронаоѓање на партнер.

„Ако имате проблеми во наоѓање на партнерка, тоа е како психички ресурс што се одразува на траењето на животот”, вели проф. Николас Христакис, шеф на истражувачкиот тим. Истражувањето било спроведено на 4183 мажи кои завршиле на Универзитетот во Висконсин во 1957 година и уште околу 7 милиони мажи кои имаат здравствено осигурување. Резултатите од животот на учениците покажале дека половина век подоцна повеќето од мажите кои учеле во клас, во кој што имало повеќе девојчиња од момчиња се живи и до денес, за разлика од соучениците во класови во кои момчињата и девојчињата биле подеднакви по број. Најголема смртност е забележана кај оние кои учеле во паралелки, во кои доминираат момчињата.

Здрaвствено осигураните мажи, кои живееле во САД со висок сооднос на жените во однос на мажите во адолесценцијата и 20-те години, живееле во просек за 3 месеци подолго од оние кои ја поминале младоста во држави со малку девојки.

Научниците велат дека лесно постигнатиот брак и спокојството што истиот го носи, се клучни моменти за душевна и физичка благосостојба на луѓето.

„Бракот е неверојатно важен за вашето здравје! Независно од тоа дали ќе се ожените порано или подоцна “, вели проф. Христакис.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *