Колку од вас наутро, кога едвај стануваат од кревет и сеуште едвај ги отвораат очите, одат директно во кујна и прават кафе? Ако пред да излезете од дома не се напиете барем 2-3 голтки кафе мислите дека сте премногу бавни, тешко се расонувате и станувате нервозни. Ако го пропуштите и попладневното кафе, сигурно и тоа влијае на вашето расположение, или сте поспани или сте нервозни. Ако сте зависни од кафе сигурно сте се фатиле во момент кога се убедувате себеси и другите дека не можете да поминете нормален работен ден ако не се напиете кафе. Иако е научно докажано дека кофеинот во нашето тело го стимулира лачењето на адреналин, истражувачкиот универзитет во Источен Лондон покажало дека ефектот на кофеинот врз нашиот организам е само во нашите глави и автосугестијата. Ако почнете да се убедувате дека кафето ве расонува, и вашиот мозок ќе размислува така. За да го проверат ова, научниците на ¼ од испитаниците им дале да пијат кафе со кофеин (кои знаеле што пијат), на втората четвртина им дале кафе без кофеин (ги убедувале дека пијат кафе со кофеин). Истото го направиле и со останатите испитаници: oние кои добиле безкофеинско кафе знаеле што пијат, а на оние на кои им дале кафе со кофеин биле убедувани дека пијат безкофеинско. Добиените резултати покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе, а мислеле дека во нивното кафе има кофеин, покажале исти резултати на тестовите со оние кои пиеле кафе со кофеин.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!