Top

Бесплатни нешта кои нè прават среќни

Најубавите нешта во животот не се купуваат со пари. Среќата не е во скапите автомобили, мобилни телефони или луксузни живеалишта. Нештата што го прават животот среќен и исполнет се бесплатни и како такви се достапни за сите, но за жал многу од нас не се свесни за тоа.

Истражувањето спроведено на 2000 испитаници во Велика Британија посветено на нештата кои го прават нашиот живот среќен го дале очекуваниот резултат. Среќата е бесплатна и ја сочинуваат мали задоволства кои ни се достапни секој ден. 22% од испитаниците го ставиле смеењето како приоритет на оваа листа, а само еден процент помалку добило уживањето во добрата храна. На третото место се наоѓа прегратката, а во рамките на првите десет елементи за среќен живот се вбројуваат и: сончање, читање добра книга, прошетка на плажа, спиење со чиста постелнина, гледање на зајдисонцето, разгледување стари фотографии и мирисот на свежо косена трева.

Семејството, пријателите и природата се нешта кои нè прават среќни и ни даваат мир. Уживајте во малите нешта и во секое од нив пронајдете среќа!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>