Top
Devojche_na_bazen_iLike_mk

Базените имаат добра, но и лоша страна

Пливањето е еден од најздравите спортови. Покрај тоа, во текот на летните температури, да се разладите некаде и да се спасите од горештините дефинитивно делува примамливо. За жал, сите не можат да си овозможат одмор на море, но и да можат, летото трае многу подолго, па затоа спас може да се бара на базен.

Меѓутоа, колку и капењето во базен да има позитивни страни, постојат и оние кои не се баш толку убави.

Во продолжение ќе прочитате неколку корисни нешта, но и што сѐ може да Ви наштети при посета на базени.

Пливањето има фантастично влијание на изгледот, ја подобрува линијата, позитивно влијае на здравјето и на психата. Доколку имате некој килограм повеќе, најдобро е да се ослободите со пливање отколку со диета. Згора на сѐ пливањето е полесно и носи помала можност од повреда отколку фитнесот или теретаната.

Доколку Вашата кожа е нормална, не постои голема опасност дека зголеменето ниво на хлор во водата ќе ја исуши Вашата кожа. Дури и да е премногу сува, ако после базенот веднаш се истуширате и нанесете млеко или масло за кожа, нема да дојде до пресушување. Уште една добра работа е тоа што во базените може да применувате и хидромасажа, а можете и самите да си ги масирате нозете – тоа ќе Ви помогне за подобра циркулација и намалување на целулитот.

Од друга страна, постои можност да добиете инфекција (кожна или вагинална). Можеби и не преку водата во базенот, туку преку не толку чистите даски, бетон и соблекувални. Доколку пливате во затворен базен, тука постои можност да добите полни брадавици, затоа што во затворените базени нема сончеви зраци кои што ги уништуваат вирусите.

Трудниците треба посебно да бидат внимателни, за нив и воопшто не се препорачуваат базените поради можност од инфекции. Базените не се препорачуваат ни на жените кои што се склони кон вагинални инфекции затоа што постои поголема опасност од зарази.

Накусо: гужвата и можноста за проблеми со кожата, вагинални инфекции и сушење на кожата се неколкуте опасности кои што можат да Ве пречекаат на базен, меѓутоа со адекватна нега и тоа може да се реши, сепак предноста на базенот се пливање, уживање, подобрување на кондицијата и убавиот изглед.

На Вас останува да одлучите!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>