Top
bakuvanje

Бакнувањето го зајакнува имунитетот

Научниците велат дека бакнувањето е добро за забите, го зајакнува имунитетот, а ги намалува симптомите на алергија и на стрес. Стоматологот Метју Месина вели дека ефектот од т.н. „влажен бакнеж“ поттикнува производство на плунка, која ги отстранува штетните бактерии од забите.

Според научниците, со бакнување се согоруваат 2-6 калории во минута. При бакнувањето се активираат многу фацијални мускули и само неколку минути дневно се доволни за значително подобар изглед на образите и челото.

Исто така, не може да се негира фактот дека при бакнувањето се доаѓа до размена на бактерии, од кои една е особено опасна за бремените жени. Истражувачите веруваат дека кога овој вирус жената го добива преку бакнежи во мали дози пред да забремени, се развива отпорност и вирусот не се пренесува на детето.

Чувството на релаксираност за време на бакнувањето не е само во главата на поединецот, туку истражување спроведено во 2009-та година потврдува дека и кај мажите и кај жените по бакнувањето се намалува нивото на кортизол (хормон на стрес).

Студија спроведена во Јапонија покажува дека двојките кои се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеини, кои предизвикуваат алергиско кивање и течење на носот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *