Една шолја од омиленото утринско кафе носи со себе многу повеќе позитивни страни од едноставниот факт дека ве расонува наутро.
Ако кафето ви е омилен утрински пијалок, веројатно барем еднаш сте помислиле дали е можно некако да се искористи неговиот талог.
Пилинг за тело
Со талог од кафе можете да направите луксузен пилинг за тело што ќе ја направи вашата кожа свиленкаста, мазна и сјајна. Сè што ви треба е талог од кафе, 1/4 чаша маслиново или кокосово масло, како и малку рендана кора од лимон. Оваа мешавина многу ефикасно ќе ги отстрани сите мртви клетки на кожата од вашето тело, ќе го зголеми протокот на крв во вашето тело и ќе ја направи кожата поцврста.
Прихрана на растенија
Можете да го користите целиот талог од дното на испиената чаша кафе за да направите дохрана за вашата градина. Талогот од кафе е одличен начин да се додаде во саксиите со цвеќе или во дворот каде што се засадени зеленчук или овошје, бидејќи талогот содржи состојки што им се потребни на растенијата.
За раст и против опаѓање на косата
Нанесете талог од кафе на горниот дел од главата и нежно масирајте со кружни движења на рацете. Кофеинот од кафето го стимулира растот на косата и спречува опаѓање на косата, и ја прави косата силна и сјајна.
Отстранување на непријатен мирис
Наместо сода бикарбона, која најчесто се користи за отстранување на непријатни мириси, можете да користите талогот од кафе кој ќе ги отстрани сите преостанати мириси од вашиот фрижидер, гардеробер или мијалник.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!