Top
zodiac_signs__signs_of_the_zodiac_on_a_blue_background_047591_

Ако може да го врати времето секој хороскопски знак

Секој човек барем еднаш во својот живот посакал да може да го врати времето назад и одредени нешта да ги направи поинаку.

ОВЕН
Ако имплусивниот Овен има можност да го врати времето, не би дозволил толку лесно да му избега љубовта од својата младост. Тој би бил помалку тврдоглав и би се согласил на компромис. Кога станува збор за семејството, Овенот повеќе би се посветил на децата и би поминувал повеќе време со нив дома, наместо да ита по својата кариера. На професионален план би го работел само тоа што го сака, би се одважил да почне свој бизнис и да биде сам свој газда.

БИК
Ако сентименталниот Бик има шанса да го врати времето, би се вратил во она време кога му било важно да заработува пари и да купува работи. Значително повеќе би се посветил на саканата личност, би бил помалку посесивен и повеќе би се прилагодувал на потребите на саканата личност. На професионален план би започнал сопствен бизнис уште во млади години, најверојатно би се занимавал со трговија на накит.

БЛИЗНАЦИ
Ако би можел да се врати во минатото, Близнакот би ги исправил некој работи за кој се каел, а на прво место би биле емотивните односи. Во вистинско време би го сфатил нивното значење и не би се плашел од врзувањето со своето љубовно гнездо. Би се потрудил да биде малку дискретен, подобро би чувал тајни и јазикот не би му бил побрз од мозокот.

РАК
Разгалениот Рак кога би можел да се врати во минатото, би се потрудил денес да нема глобално затоплување, за да не се загрижува нежниот Рак и сѐ и сешто да му паѓа на памет. Помалку би паничел, помалку би плачел, а на работниот план би бил многу амбициозен.

ЛАВ
Лавот кога би можел да го врати времето, од корен би ги уништил своите стравови и хронични тегоби или слабости и би бил позадоволен од својот живот. Многу порано би сфатил како да го контролира своето его и суета која му има многу наштетено во животот. Би сфатил дека покажувањето на своите вистински емоции кон другите не е знак на слабост, туку сила и тоа позитивно би влијаело на пријателските и љубовните односи.

ДЕВИЦА
Неповторливо искуство за Девица е да може да ѕирне во минатото и да поработи малку на некои детали. Само тогаш би сфатила дека треба да си исполни свои желби, би си купила брод, би запловила и повеќе за ништо не би се замарала.

ВАГА
Кога би можела да се врати назад, емотивната и воздржана Вага ќе го организира својот живот така што помалку ќе страда поради љубовта, а своето внимание ќе го насочи кон кариерата. На работа би била одлучна, нема да ги избегнува конфликтите и секому би го кажала тоа што го мисли. Ќе се однесува повеќе во согласност со моментот на чувствата, а помалку ќе глуми дека и е убаво дури и кога не и е.

СКОРПИЈА
Ако може да се врати ќе биде лудо вљубена. Скорпијата ќе сфати дека љубомората е бескорисно трошење на енергија, повеќе нема да се нервира, помалку ќе биде егоистична и ќе има повеќе време за пријателите. Би работела на своите таленти и ќе се занимава со уметност, а нема да биде ориентирана кон парите.

СТРЕЛЕЦ
Полетниот Стрелец би можел многу работи да промени ако му се укаже можност да се врати неколку години назад. Најпрво, уште од млад ќе почне да се занимава со свој бизнис во кој би пристапил многу сериозно. На време ќе почне да ги штеди своите нерви. Исто како и Вагата и тој не би избегнувал конфликти и секому ќе му каже што мисли. Во љубовта ќе биде поискрен и внимателен кон партнерот.

ЈАРЕЦ
Кога строгиот Јарец би се вратил назад, најпрво би се ослободил од комплексите на ниска вредност кои си поседува. Движечка сила во работата за Јарецот би биле неговите вредности, а не комплекси кои го прогонуваат од минатото и го тераат по секоја цена да напредува. Ако може да се врати во минатото се ослободи од влијанието од таткото, а би бил многу отворен во покажување на емоции.

ВОДОЛИЈА
Ако ексцентричната Водолија може да се врати во минатото, ќе сфати дека треба да биде пореална. Нема да изигрува Калимеро кој постојано вели дека „нема правда“, нема да се бори за тоа на сите да им биде добро и на крај да го извлече подебелиот крај. Наместо сето тоа, би се фокусирала на својата работа наместо на меѓучовечките односи. Во љубовта би била повеќе прилагодлива и подготвена да жртвува од своето слободно време за личноста која ја сака. Ќе поминува повеќе време со семејството, наместо по кафулиња и ресторани.

РИБИ
Кога би можеле да го вратат времето назад, Рибите би сакале да бидат подарежливи и смирени и да можат да влијаат на луѓето кои ќе бидат важни во нивниот живот. Во потрага за љубов и партнер нема да бараат влакно во јајцето и нема да бидат ситничари. Ќе се обидат да стојат цврсто на земја, а не да лутаат секој час во својот свет на соништа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *