Top
Eiffel-Towe-iLike-mk

Ајфеловата кула го прослави 126-от роденден

Една од најпознатите светски атракции, Ајфеловата кула во Париз, прослави 126 години од нејзиното постоење.

Изградбата на Ајфеловата кула, која важела за највисока градба во светот до 1930 година, официјално е завршена на 31 март 1889 година.

Кулата во Париз е висока 324 метри и тешка повеќе од 10.000 тони. До врвот има 1.665 скали, но посетителите најчесто го користат лифтот, кој годишно минува по околу 103.000 километри пренесувајќи приближно 7 милиони туристи од целиот свет.

Кулата е конструирана од Густав Ајфел, а изградбата траела 2 години, 2 месеци и 5 дена. Таа се бојадисува на секои 7 години, при што се трошат 60 тони боја.

Ја осветлуваат дури 20.000 светилки.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>