Top

Ај ЛАЈК ју бејби!!

Го лајкувам твојот профил, твојата профајл фото, статусот и линкот кој го имаш постнато… Tе лајкнувам со коментар, го лајкнувам и твојот коментар… а понекогаш и својот! :)) Те лајкувам тебе, твоето тело, твоите очи, твојата насмевка, го лајкнувам моментот кога ќе те видам он-лајн на чат. Не дај боже да се викаш Мајк, на чело ќе ти напишам ЛАЈК! :))

Уффф тежок живот, чувствувам потреба од повеќе варијации на “лајк”, ми се чини дека стануваме досадни… А, што велиш за “ти го бендисувам”, “ти го допаѓам”, ”ти го сВиѓам”??… ЈОК бре, на мојот “лајк” му нема замена…
And the show must go on, но овој пат со парола “Лајкнувам статуси, слики, линкови, wall to wall постови, резултати од тестови, ‘мудри’ изреки… сВе за еВтини пари!… а богами и за ич пари!”.

АЛОООООО, имаш некој проблем?? Јасно ми е дека фејсбук секој ден не задоволува со најнови “замор” опции, но се со исав! Веќе полека навикнуваме на моментот “In a relationship” за себе-промоција, намерно пишување по wall-ови со цел да предизвикате љубомора кај ОДРЕДЕНА особа на коja немате г’з да и кажете во лице дека не сакате да ja дружите и ja презирате, па ајде сега индиректно да се пренесе дека е непожелна во вашиот круг на “блиски” пријатели (ака персони нон грати во иднина), се додека немате потреба од истата… Навикнавме и на пиши-бриши статуси, затоа што никому не сте привлекле внимание со својата последна глупа мисла… Нo не и на ЛАЈК на секоја “факинг” ситница која ќе се појави на Home Page…

Не знам колку сте свесни (малку да ве просветлам), доколку некому немате што да му одговорите, има опција да не изреагирате никако, зашто молчењето понекогаш е повредно од било кој пишан збор… нема потреба од ЛАЈК!… Па и да ставам точка на статус како знак на протест или чисто од досада, пак ќе го добијам истиот фидбек, нешто на буквата “Л” беше…. А што ако ти пишам “да пукнеш да даде Господ!”?? – ЕВЕ ТИ ЛАЈК!!… “Леб да немаш да јадеш” – пак лајк!… “Да ти се блокира профилот и никогаш да не си го повратиш и сите твои 100 албуми со 1000 слики да ти ги снема со сите коментари и ЛАЈКОВИ!!”… Што збориш?? Нема ЛАЈК?? АЛЕЛУЈА!! :D

Аххх… Убаво си игравме на времето FalmVille и Mafia Wars, јас ти давав компир, ти на мене домат или некое домашно животно… Ем си уживавме во забавата и си тепавме време, ем праксиравме земјоделска и сточарска струка за кои никогаш не знаете кога ќе ви бидат потребни… и така човек не може да си најде достојна работa, па зашто да не копаме ниви??

И во исчекување на опција наречена “Лајк на Лајкот” (во превод – крај на светот), лајкнете некоја корисна и поучна информација на iLike.mk.

И би било пожелно да се издепилирате следниот пат, нешто гледам ви подраснале влакната на јазикот! :)




3 Коментари

  • Jas вели:

    “406 others like this.” a seuste nema komentar :)! Znaci li toa deka efektov na statijava e beznacaen? Site lajkovi, nikoj ne komentira…

    Kako i da e, Makedonija kako nacija i osobeno Mak portalite mu odavaat premnogu znacenje na facebook. Samo kje citiram edna tvoja recenica:

    “Аххх… Убаво си игравме на времето FalmVille и Mafia Wars…”

    Ubavo sme si igrale na vremeto? Koe vreme? Pred 6 meseci? Zboruvame kako facebook da e kultna rabota, kako facebook da e nacin na socijalizacija, kako facebook da e sala kaj sto moze da sportuvame.

    Tvojata recenica bi ja smenil vo

    “Ahhh…. ubavo si igravme Zmurka, Granica na vremeto, sea decava na facebook sedat” :)!

  • Hmmm вели:

    Ocigledo ne si go sfatil sarkazmot vo tekstot… a POENTATA e da si se stavi LIKE… ne za dzabe celiot tekst se vrti okolu toa :))

  • Marija Peica вели:

    Facebook navleze vo site aspekti na nasite zivoti…uste ne mi e jasno kako i zosto-komunikacijata e svedena na chat ,od koj mi se povrakja,ama toa e ,novo moderno vreme…..Odednas stanavme gladni za voshit od drugite,kolku sme ubavi,pametni,interesni itn,i sto mi e uste postrasno gledam deka se poveke deca,bukvalno deca go koristat,sto mi e non sense,detstvoto im e nevideno…..

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *