Top
Picture of young attractive fitness girl jogging with sea on background

Аеробните вежби ги подобруваат конгитивните функции

Физичката активност ги подобрува конгитивните функции, како што се меморијата, концентрацијата, учењето и само-контролата, а кај оние кои консумираат алкохол го намалува оштетувањето на мозокот.

Консумирањето алкохол ги оштетува невроните, а правилното вежбање може да помогне во минимизирање на штетните последици кои тој ги има на телото. Овие резултати ги покажало истражување кои било предводено од Холис Кароли од Универзитетот во Колорадо. Тие откриле дека аеробните вежби како што се трчање, возење велосипед и други фитнес вежби влијаат врз минимизирање на влијанието на алкохолот врз мозокот. Неодамнешните студии покажаа дека аеробните вежби може да ги намалат негативните промени во мозокот кои се поврзани со процесот на стареење, а тоа оди во насока на подобрување на концитивните функции. Зголемената циркулација, лачењето на хормонот серотонин и адреналинот кои се поврзани со вежбањето го штитат мозокот од оштетувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>