Top
Ubavi_zheni_spored_horoskopt_iLike_mk

Петте најубави жени според хороскопскиот знак

Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали мами погледи со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе.

Сепак според астролозите, припадничките на понежниот пол родени во некој од следниве пет хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината.

ОВЕН
Овие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

ЛАВ
Силни, грациозни и често спортски градени. Тие се одликуваат со убаво извајани нозе, чии изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и на нив може да им се припишат многу таленти, но без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Доколку мислевте дека кога станува збор за Лавиците се мисли на просечна убавина, се лажете. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу останатите, бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живот никогаш не се клише.

СКОРПИЈА
Скорпиите имаат прилично добра градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот префинет вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа целиот „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака.

СТРЕЛЕЦ
Жените родени во овој знак се најзгодни во целиот зодијак. Со просечна висина и добра градба, овие убавици како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза на луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз во секое друштво.

ВОДОЛИЈА
Водолиите обично се со средна висина или пак се ниски. Имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Водолиите имаат убави и меки крупни усни. Тие не му придаваат преголемо значење на облекувањето, тие знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *