Top

Добро утро (30-ти септември)

30-ти септември е 273-иот ден во годината според григоријанскиот календар (274-и во престапна година). Остануваат 92 денови до крајот на годината.

Настани:
1814 – По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864 – Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија.
1903 – Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Марцштеска реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991 – Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993 – Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998 – Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција – МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.

Родени:
1207 – Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог.

Починале:
1955 – Џејмс Дин,американски актер.
2001 – Џон Лили, американски психолог.

Празници:
Рамазански Бајрам (2008).


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>