Top
dieta

3 нешта кои експресно „убиваат“ глад

Чувството на глад може да биде незгодно до таа мера што поради него и најупорните се откажуваат од диетите. Постојат и природни и брзи трикови кои проверено и навистина ефикасно убиваат глад.

Вода
Чувството на глад е причинето од празен желудник кој бара храна, но и од дехидрација. Ако сакате да изгубите некој килограм, во текот на целиот ден пијте вода. Освен што ќе го исчистите телото од токсини, водата максимално ќе го ублажи или сосем ќе го отстрани чувството на глад помеѓу оброците.

Вежбање
Најсилното чувство на глад се појавува кога ви е досадно. Кога се излежувате само размислувате на храна и што би јаделе. Поради тоа, рекреацијата и спортот се сојузник во слабеењето. Вежбањето го забрзува метаболизмот и ја подобрува циркулацијата, со што ја поттиснува лажната глад.

Искреност
Грицкањето помеѓу оброците е најголем непријател на вашата линија. Тоа се непотребни калории за кои не сте свесни колку ги внесувате. Бидете искрени кон себе и запишете сè што сте јаделе помеѓу два оброка. На тој начин ќе имате контрола врз изедената храна и внесени калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>