Top
Ljubovni_horoskopski_znaci_iLike_mk

Три хороскопски знаци за кои месец мај ќе биде незаборавен

На припадниците на хороскопски знак Девица им претстои добра заработка, Стрелците ќе треба да обратат внимание на својот имунолошки систем, а Рибите ќе преземат чекори кои ќе ги доведат до вистинската љубов.

ДЕВИЦА

Работа: Меркур, водачот на Девица, во месец мај ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Претстои солидна финансиска заработка.

Здравје: Избегнувајте кревање на тешки предмети и стресни ситуации. Внимавајте на сезонските настинки и вирози.

Љубов: Месец мај, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Првите две недели од месец мај ќе ви бидат активни на професионално поле, благодарение на Сонцето, кое ќе биде лоцирано во Стрелец во куќата на работата. Планетата Меркур исто така добро ќе се покаже. Таа ќе биде во многу јака позиција која ветува успех. Од финансиски аспект, мај ќе биде солиден.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини за да го подобрите имунолошкиот статус. Секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија.

Љубов: Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе голем сплет на околности и пресврти. Очекувајте чуда!

РИБИ

Работа: Прилично активен период, исполнет со состаноци и голем број патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е добар месец за инвестирање во недвижности.

Здравје: Бидете внимателни со сезонските настинки, посебно во првата половина од месецот. Негрижата може да резултира со посериозни здравствени проблеми.

Љубов: Мај ќе биде стабилен месец во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве оттргне од секојдневните проблеми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *