Top

Добро утро (27-ми септември)

27 септември е 270-иот ден во годината според григоријанскиот календар (271-и во престапна година). Остануваат 95 денови до крајот на годината.

Настани:
1822 – Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1825 – Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон – Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
1905 – Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
1939 – По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи.
1940 – Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин – Рим – Токио.
1993 – Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994 – Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994 – Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995 – Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.

Родени:
1920 – Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог
1958 – Ирвин Велш, шкотски писател.
1972 – Гвинет Палтроу, амриканска актерка.
1976 – Франческо Тоти, италијански фудбалер.
1982 – Лил Вејн, американски рапер.
1984 – Аврил Лавињ, канадска пејачка.

Починале:
1590 – Папата Урбан VII.
1917 – Едгар Дега, француски сликар и скулптор.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>