Top
Kineska-astologija-iLike-mk

2015 година ќе им донесе среќа само на 5 хороскопски знаци

Според кинескиот астролошки календар, наредната календарска година е година на древната овца. Таа ќе настапи на 4-ти февруари.

Во годината на древната овца среќата ќе им се насмее на пет од знаците на Зодијакот – Водолија, Вага, Овен, Близнаци и Лав. На луѓето родени во рамките на овие хороскопски знаци, сè ќе им оди со невидена леснотија, а годината ќе им помине без вечните и трауматични проблеми.
Кај по веќето од нив ќе се промени ставот кон светот и најважните работи во него, што најверојатно ќе биде последица од она што се случило во животот во 2014 година која беше премногу комплицирана за овие пет хороскопски знаци.

На Бикот, Ракот и Јарецот, хороскопот за 2015 година им препорачува повеќе да се грижат за својата иднина. Нештата ќе се одвиваат мошне бавно само затоа што сами си бараат проблеми и не умеат да гледаат од друга перспектива.
Биковите треба да го прифатат она што ќе им се случува, без да се обидуваат по секоја цена да го спречат бидејќи тоа ќе им помогне, а нема да им наштети. Раковите вреди да се замислат догодина сериозно за вистинските желби и стремежи. А, за Јарецот годината ќе биде како трн во петица, за да кон крајот на годината се активираат и да ги постигнат поставените цели.

Стрелецот, Рибите, Скорпијата и Девицата ќе треба многу да се борат за својата среќа. Среќата ќе ги најде само тие кои ја бараат.

Сите луѓе во 2015 година ќе мора да научат да размислуваат оптимистички бидејќи во годината на дрвената овца мислите многу брзо се материјализираат, предупредуваат астролозите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>