Top

Добро утро (19-ти октомври)

19-ти октомври е 292-иот ден во годината според григоријанскиот календар (293-и во престапна година). Остануваат 73 денови до крајот на годината.

Настани:
202 п.н.е. – Во битката кај Зама, Римјаните предводени од Сципион Африканецот извојувале конечна победа против картагинците и Ханибал во Втората Пунска војна.
1453 – Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ла Манш.
1469 – Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I од Кастилја што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастилја во една земја – Шпанија.
1512 – Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia).
1812 – Наполеон почнал да се повлекува од Москва.
1935 – Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944 – Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.
1994 – Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
2002 – Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди.
2003 – Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.

Родени:
1735 – Џон Адамс, втор претседател на САД (1797 – 1801).
1924 – Д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.

Починале:
1745 – Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
2003 – Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>