Top

Добро утро (12-ти октомври)

12-ти октомври е 285-иот ден во годината според григоријанскиот календар (286-и во престапна година). Остануваат 80 денови до крајот на годината.

Настани:
539 п.н.е. – Персискиот цар Цирус од Ахејменидската династија го освоил Вавилон.
1492 – Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.
1822 – Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија.
1941 – Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд.
1941 – На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 евреи во Днепропетровск, Украина.
1964 – СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Јегоров.
1969 – СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“.
1994 – Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковци – Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години.
1995 – На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство.
1999 – На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја.

Родени:
1874 – Андонис Влахакис, андарстки капетан.
1896 – Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам.
1962 – Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија.
1350 – Дмитриј Донски руски кнез.

Починале:
1875 – Жан-Батист Карпо, славен француски скулптор (р. 1827.)
1924 – Анатол Франс, славен француски писател, нобеловец (р. 1844.)
1996 – Рене Лакост, француски тенисер (р. 1904.)


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>