Top

Добар ден (2-ри октомври)

2-ри октомври е 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (276-и во престапна година). Остануваат 90 денови до крајот на годината.

Настани:
1187 – Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна.
1535 – Пловејќи узводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада.
1608 – Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1935 – Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944 – Нацистите го загушуваат Варшавското Востание.
1990 – Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица.
1991 – Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992 – Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

Родени:
1452 – Ричард III, англиски крал.
1847 – Паул фон Хинденбург, германски офицер и политичар.
1852 – Вилијам Ремзи, шкотски хемичар.
1869 – Махатма Ганди, индиски национален водач.
1904 – Греам Грин, британски писател.
1913 – Карл Милер, германски фудбалер.
1924 – Хиџет Рамадани, македонски и југословенски правник и политичар.
1935 – Омар Сивори, аргентински фудбалер.
1951 – Стинг, британски музичар и актер.
1984 – Горан Попов, македонски фудбалер.
1987 – Матиас Кардасио, уругваиски фудбалер .

Починале:
1629 – Антонио Цифра, италијански композитор.
1264 – Папа Урбан IV, римски папа.
1804 – Никола Кињо, француски изумител.
1850 – Сара Бифен, англиски уметник.
1927 – Сванте Арениус, шведски физичар.
1962 – Борис Ј. Букреев, руски математичар.
1973 – Паво Нурми, фински атлетичар.
1985 – Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти.
1991 – Димитриј Константинополски, патријарх на Константинопол.
2001 – Франц Биебл, германски композитор.
2007 – Катерина, грчка принцеза.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>