Top

Добар ден (1-ви октомври)

1 октомври е 274-иот ден во годината според григоријанскиот календар (275-и во престапна година). Остануваат 91 денови до крајот на годината.

Настани:
331 п.н.е. – Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.
1795 – Белгија е освоена од Франција.
1827 – Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија.
1869 – Австрија ги издава првите поштенски разгледници во светот.
1880 – Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон.
1891 – Во САД, Калифорнија, се отвора Стенфорскиот универзитет.
1908 – Форд го претставува Модел Т, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 УСД, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство.
1943 – Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија.
1949 – Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина.
1989 – Во Данска е заснована првата легална хомосексуална семејна заедница. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.

Родени:
1207 – Кралот Хенри III на Англија.
1507 – Јакопо Бароци да Вињола, влијателен италијански архитект и теоретичар, еден од распространувачите на ренесансниот стил во Европа.
1644 – Алесандро Страдела, италијански композитор.
1791 – Сергеи Аксаков, руски писател.
1891 – Анѓел Динев, македонски општественик и публицист.
1904 – Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век.
1927 – Том Босли, американски актер.
1954 – Мартин Стрел, словенски пливач.

Починале:
1684 – Пјер Корнеј, француски писател.
1708 – Џон Блоу, британски композитор.
1923 – Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО.
1994 – Пол Лорензен, германски филозоф.
2003 – Анте Поповски, македонски поет.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>