Top

Добро утро (9-ти мај)

9-ти мај е 129-иот ден во годината според григоријанскиот календар (130-и во престапна година). Остануваат 236 денови до крајот на годината.

Настани:
1926 – Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945 – Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947 – Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на Македонски јазик. Тоа беше операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978 – Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.

Родени:
1825 – Џејмс Колинсон, англиски сликар.
1874 – Хауард Картер, англиски египтолог.
1910 – Љупчо Арсов, македонски револуционер.
1965 – Сергеј Гаиков, руски кану-спринтер.
1977 – Марек Јанкуловски, чешки фудбалер.

Починале:
1805 – Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели.
1903 – Пол Гоген, француски сликар.
1957 – Вилијам Брадфорд, англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
2010 – Кирил Бујуклиев, македонски поет.

Празници:
* Ден на победата над фашизмот.
* Ден на Европа.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>