Top

Добро утро (4-ти јуни)

4-ти јуни е 155-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (156-ти во престапна година). Остануваат 210 дена до крајот на годината.

Настани:
781 п.н.е. – За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето.
1896 – Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“.
1917 – Доделени се првите Пулицерови награди во САД.
1920 – Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и од населението.
1944 – Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим.
1989 – Протестите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството.
1989 – Солидарност победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа.
2010 – Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама.

Родени:
1911 – Милован Ѓилас, комунистички раководител на СФР Југославија.
1929 – Каролос Папуљас, грчки политичар.
1937 – Пандо Колевски, македонски поет и преведувач.
1952 – Бронислав Коморовски, полски политичар.
1975 – Анџелина Џоли, американска актерка.
1991 – Анте Вукушиќ, хрватски фудбалер.

Починале:
1876 – Абдул Азис, отомански султан.
1971 – Ѓерѓ Лукач, унгарски марксистички философ.
1934 – Васил Апостолов Икономов, учител, фолкрорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф.
2001 – Борислав Џинлески, македонски ветеринар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>