Top

Добро утро (30-ти јуни)

30-ти јуни е 181-виот ден во годината според григоријанскиот календар (182-ри во престапна година). Остануваат 184 дена до крајот на годината.

Настани:
1905 – Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија на релативноста.
1908 – Во Сибир, во областа Тунгузија се случува експлозија со јачина 1000 пати поголема од атомските бомби фрлени врз Јапонија.
1934 – „Ноќта на долгите ножеви“ – започнува насилното елиминирање на политичките ривали на Адолф Хитлер во Германија.
2002 – Бразил ја освојува својата петта светска фудбалска титула.

Родени:
1470 – Шарл VIII, француски крал.
1685 – Доминикус Цимерман, германски рококо архитект.
1879 – Димитар Попов, бугарски револуционер.
1939 – Павле Кузмановски, македонски академски сликар.
1963 – Ингви Малмстин, шведски гитарист, композитор и еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал.
1966 – Мајк Тајсон, американски боксер.
1970 – Елизабета Канческа Милевска, министер за култура на Македонија.
1975 – Ралф Шумахер, германски Формула 1 возач.

Починале:
1579 – Мехмед Паша Соколовиќ, турски јаничар и важен државник во Османското царство.
1953 – Чарлс Вилијам Милер, неофицијалниот татко на фудбалот во Бразил.
1961 – Ли ди Форест, американски пронаоѓач.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>