Top

Добро утро (25-ти јануари)

25-ти јануари е 25-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 340 денови до крајот на годината (341 во престапна).

Настани:
1533 – Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска.
1579 – Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадоа Утрехтска унија за борба против Шпанија.
1904 – Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.
1918 – Со цел да згасне контрареволуционерната побуна беше создадена Црвена армија.
1924 – Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.
1942 – Втора Светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД.
1955 – Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1996 – Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1996 – Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.
1971 – Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин.
1991 – Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.

Родени:
750 – Лав IV Хазар, византиски император.
1627 – Роберт Бојл, ирски физичар и хемичар.
1736 – Жозеф Луј Лагранж, италијански математичар и астроном.
1832 – Иван Иванович Шишкин, руски сликар.
1865 – Елизабета Маврикиевна, руска кнегиња.
1874 – Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател.
1882 – Вирџинија Вулф, англиска писателка и есеист.
1927 – Едуард Шеварнаѕе, грузиски претседател.
1931 – Ефтим Манев, македонски поет и преведувач.
1933 – Корасон Акино, претседател на Филипини.
1938 – Владимир Висоцки, советски пејач.
1953 – Методи Манев, македонски писател.
1970 – Џејсон Ли, американски глумец.
1975 – Тим Монтгомери, американски атлетичар.
1981 – Тоше Проески, македонски пејач.
1983 – Ексел Цедрич Конан, фудбалер.
1984 – Робињо, бразилски фудбалер.
1987 – Марија Кириленко, руска тенисерка.
1928 – Едуард Шеварнаѕе, грузиски претседател.
1975 – Тим Монтгомери, американски атлетичар.
1983 – Ексел Цедрич Конан, фудбалер од брегот на слоновата коска, кој настапува за Лече во Серија А.

Починале:
844 – Папа Григур IV, римски папа.
1756 – Христоф Томас Шефлер, германски фрескописец.
1824 – Теодор Жерико, француски сликар и графичар.
1896 – Фредерик Лејтон, англиски академски сликар.
1920 – Амадео Модилјани, Италијански сликар.
1947 – Ал Капоне, американски гангстер.
1990 – Ава Гарднер, американска актерка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>