Top

Добро утро (23-ти мај)

23-ти мај е 143-иот ден во годината според григоријанскиот календар (144-и во престапна година). Остануваат 222 денови до крајот на годината.

Настани:
1514 – Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен.
1805 – Наполеон Бонапарта бил крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала
1877 – Романија прогласува независност од Османлиската империја
1905 – Со ираде – указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското царство. Организациите на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите.
1945 – Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива
1949 – Создадена е Западна Германија
1962 – Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.
1988 – Мишел Платини се повлекува од фудбалот.
1994 – Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада.
1995 – Република Македонија и Украина воспоставија дипломатски односи.
1995 – Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава.

Родени:
1951 – Анатолиј Карпов, руски шаховски велемајстор и светски првак.
1972 – Рубенс Баричело, бразилски возач на Формула 1.

Починале:
1906 – Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург.
1994 – Џо Пас, прославен американски џез-гитарист
2010 – Гане Тодоровски, македонски поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.

Празници:
* Национален ден на Власите од Македонија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>