Top

Добар ден (22-ри јануари)

22-ри јануари е 22-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 343 денови до крајот на годината (344 во престапна).

Настани:
1506 – Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулие II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727 – Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964 – Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978 – Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес – 1“ автоматски се спои со системот „Саљут – 6“ – „Сојуз – 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990 – Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001 – Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

Родени:
1561 – Френсис Бејкон, англиски философ, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1775 – Андре Мари Ампер, француски физичар и математичар.
1788 – Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет.
1909 – У Тант, бурмански дипломат.
1977 – Хидетоши Наката, јапонски фудбалер.
1987 – Дмитриj Комбаров, руски фудбалер.
1987 – Кирил Комбаров, руски фудбалер.

Починале:
1997 – Ордан Петлески, македонски академски сликар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>