Top

Добро утро (22-ри декември)

22-ри декември е 356-иот ден во годината според григоријанскиот календар (357-и во престапна година). Остануваат 9 денови до крајот на годината. Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак јарец. На 22-ри декември денот на северната хемисфера на Земјата е најкраток, а на јужната најдолг и почнува летото.

Настани:
1514 – Диего Веласкез де Куељар го основа градот Тринидад, Куба.
1808 – Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.
1849 – Во последен миг е откажана егзекуцијата на Фјодор Достоевски.
1943 – Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.
1999 – Основана е Либералната партија на Македонија.
2008 – Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Груевски, изнесени во колумна во весникот Дневник.

Родени:
1756 – Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус.
1858 – Џакомо Пучини, италијански оперски композитор.
1908 – Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.
1940 – Георги Ајановски, македонски прозаист.
1956 – Соломон Паси, бугарски политичар.
1960 – Жан-Мишел Баскија, уметник.

Починале:
69 – Вителиј, римски император.
1603 – Мехмед III, отомански султан.
1880 – Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка.
1936 – Николај Островски, советски писател.
1989 – Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет.
2002 – Џо Страмер, англиски музичар.
2006 – Ефтим Таковски, македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>