Top

Добар ден (22-ри април)

22-ри април е 112-иот ден во годината според григоријанскиот календар (113-и во престапна година). Остануваат 253 денови до крајот на годината.

Настани:
1500 – Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за Португалски посед. Ден на откривањето на Бразил.
1920 – Стапија во штрајк поштарите во Македонија. – Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964 – Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава – Танзанија.
1970 – Во САД се одржаа најмасовните демонстрации во историјата за зачувување на животната средина. – Ден на планетата Земја.
2007 – Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија

Родени:
1451 – Кралицата Изабела I од Кастилја и Леон.
1610 – Папа Александар VIII, римски папа.
1707 – Хенри Филдинг, англиски писател.
1724 – Имануел Кант, основоположник на германската класична философија.
1766 – Мадам де Стал, француска писателка.
1866 – Ханс фон Сект, висок офицер во германската армија.
1870 – Владимир Илич Ленин – организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР.
1881 – Александар Керенски, руски политичар
1884 – Ото Ранк, австриски психолог.
1891 – Никола Сако, американски анархист.
1899 – Владимир Набоков, руски писател.
1904 – Роберт Опенхајмер, американски физичар.
1916 – Јехуди Мењухин, еврејско-американско-британско-швајцарски виолинист.
1927 – Вукан Диневски, македонски актер.
1930 – Георги Сталев Поповски, македонски поет.
1930 – Драги Костовски, македонски артист.
1937 – Џек Николсон, американски актер
1977 – Марк ван Бомел, холандски фудбалер.
1981 – Горан Мазнов, македонски фудбалер.
1982 – Кака, бразилски фудбалер.
1988 – Маја Никшиќ, македонска убавица

Починале:
536 – Папа Агапит I, римски папа.
1994 – Ричард Никсон, претседател на САД.
2007 – Томе Арсовски, македонски писател.

Празници:
* Ден на планетата Земја.
* Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>