Top

Добро утро (20-ти март)

20-ти март е 79-иот ден во годината според григоријанскиот календар (80-и во престапна година). Остануваат 286 денови до крајот на годината.

Настани:
1602 – Создадена е Холандиската источноиндиска компанија.
1616 – Волтер Роли бил ослооден од Лондон тауер по 13 години во затвор.
1760 – Избувнал голем пожар во Бостон.
1792 – Законодавното собрание на Франција официјално го одобрил предлогот за користење на гилотината како средство за езекуција.
1815 – Наполеон Бонапарта со 140.000 војска влегува во Париз.
1848 – Германска револуија (1848): Лудвиг I од Баварија абдицира од престолот.
1861 – Голем земјотрес го зафатил градот Мендоза, Аргентина.
1933 – Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1956 – Франција ја призна независноста на Тунис.
1991 – Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш.
1991 – По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996 – Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996 – Излезе првиот број на весникот „Дневник“.

Родени:
1497 – Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују.
1725 – Абдул Хамид I, отомански султан.
1811 – Наполеон II, француски император.
1828 – Хенрик Ибзен, норвешки писател.
1875 – Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја.
1952 – Сами Шаќири, поранешен член на ОНА.
1955 – Перихан Ејупи – Туна, македонска актерка.
1955 – Васо Николовски, македонски поет.
1987 – Емилија Атијас, аргентински модел.

Починале:
1191 – Папа Климент III, римски папа.
1413 – Хенри IV, англиски крал.
1727 – Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном.
1894 – Лајош Кошут, претедател на Кралството Унгарија.
1980 – Волче Наумчески, македонски писател.
2001 – Хајредин Арифи, поранешен член на ОНА.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>