Top

Добро утро (20-ти јануари)

20-ти јануари е 20-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак водолија. Остануваат 345 денови до крајот на годината (346 во престапна).

Настани:
1265 – Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327 – Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
1649 – Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667 – По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Дњепар.
1921 – Прогласен е првиот устав на Турција.
1936 – Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
1936 – Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1936 – Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп – Велес во должина од 86 километри.
1941 – Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 – година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945 – Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски – Оче.
1961 – Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
1970 – По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
1981 – Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981 – По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1992 – Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1996 – На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ.
2001 – Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
2011 – На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ – првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.

Родени:
225 – Гордијан III, римски император.
1716 – Карлос III, шпански крал.
1775 – Андре Мари Ампер, француски физичар.
1888 – Назим Хикмет, турски писател.
1920 – Федерико Фелини, италијански режисер.
1945 – Владимир Борозанов, македонски кардиолог.
1945 – Сабит Кранли, македонски правник.
1946 – Дејвид Линч, американски режисер.
1949 – Геран Персон, шведски премиер.

Починале:
250 – Папа Фабијан, римски папа.
287 – Свети Севастијан, христијански маченик.
842 – Теофил, византиски император.
1513 – Елена Ивановна, полска кралица.
1612 – Рудолф II, германски император.
1666 – Ана, француска кралица.
1693 – Мустафа I, отомански султан.
1819 – Карлос IV, шпански крал.
1878 – Јани Попов, бугарски револуционер.
1904 – Фердинанд Манлихер, автриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1984 – Џони Вајсмилер, aмерикански пливач и актер.
1993 – Одри Хепберн, англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.
2000 – Славко Јаневски, македонски писател.
2003 – Паскал Сотировски, македонски научник.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>