Top

Добро утро (20-ти февруари)

20-ти февруари е 51-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 314 денови до крајот на годината (315 во престапна).

Настани:
1938 – Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.
1962 – САД го лансираа вселенскиот брод „Меркјури атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот.
1970 – Почнала изградбата на големиот мост преку Босфорската теснина, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.
1987 – Излегува од печат словенечкиот месечник Нова ревија 57 во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ..

Родени:
1925 – Роберт Алтман, американски филмски режисер.
1949 – Васе Манчев, македонски раскажувач.
1967 – Курт Кобејн, американски музичар.
1988 – Ријана, барбадоска пејачка.
1992 – Борјан Ристовски, македонски фудбалер.

Починале:
1431 – Папа Мартин V, римски папа.
1626 – Џон Доуленд, англиски композитор за лејта.
1943 – Раде Јовчевски – Корчагин, народен херој на Македонија, загинал во Скопје, во судир со бугарската полиција.
1949 – Василиј Лебедев-Кумач, советски поет, текстописец на маршот „Света војна“.
1983 – Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>