Top

Добро утро (18-ти јули)

18-ти јули е 199-иот ден во годината според григоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.

Настани:
64 – Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830 – Уругвај го усвојува својот прв Устав.
1846 – Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1898 – Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент.
1925 – Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“.
1936 – Шпанска граѓанска војна: востаниците ја завземаат Галиција, западна Кастиља, западна Андалузија и Арагон.
1968 – Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел.
1967 – Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј.

Родени:
1635 – Роберт Хук, англиски физичар.
1664 – Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ.
1837 – Васил Левски, бугарски револуционер.
1877 – Елин Пелин, бугарски писател.
1887 – Видкун Квислинг, норвешки соработник на нацистите. Неговото име стана синоним за велепредавство на идеалите на сопствената држава.
1918 – Нелсон Мандела, јужно-африкански претседател.
1924 – Џон Глен, американски космонаут.
1934 – Наум Манивилов – Преспански, македонски поет.
1970 – Анатоли Тишченко, руски спринт-кануист.
1971 – Пени Хардевеј, американски кошаркар.
1980 – Кристен Бел, американска актерка.

Починале:
1721 – Жан Антоан Вато, француски барокен сликар.
1817 – Џејн Остин, англиска писателка.
1872 – Бенито Хуарез, мексикански претседател.
1895 – Стефан Стамболов, бугарски револуционер.
1949 – Вичеслав Новак, чешки композитор.
1997 – Јуџин Шумејкер, американски астрогеолог.

Празници:
* Уругвај – Ден на Уставот.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>