Top

Добро утро (15-ти февруари)

15-ти февруари е 46-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 319 денови до крајот на годината (320 во престапна).

Настани:
1922 – Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.
1942 – Втора Светска војна: Јапонските војници го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници.
1944 – Втора Светска војна: Средновековниот манастир Монте Касино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничката авијација.
1990 – Лондон и Буенос Аирес ги обновија дипломатските односи, прекинати во 1982 година, кога Аргентина не успеа да и ги одземе на Велика Британија Фолкландските острови во Атланскиот океан.
1993 – Словачкиот Парламент го избра Михал Ковач за прв претседател на на државата по распадот на Чехословачка.
1994 – Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.
1995 – Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет.

Родени:
1564 – Галилео Галилеј, Италијански астроном и физичар.
1710 – Луј XV, крал на Франција.
1839 – Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист.
1874 – Ернест Хенри Шекелтон, ирски истражувач.
1879 – Павел Делирадев, бугарски општестевник.
1911 – Григор Витез, хрватски писател и преведувач.
1932 – Момчило Богданов, македонски електро инженер.
1942 – Џеладин Мурати, македонски педагог.
1952 – Димитрие Дурацовски, македонски раскажувач.
1957 – Азис Положани, македонски политичар.
1962 – Мило Ѓукановиќ, претседател и премиер на Црна Гора.
1962 – Иван Стоилковиќ, македонски политичар.
1984 – Дорота Рабчевска, полска пејачка .

Починале:
1145 – Папа Луциј II, римски папа.
1857 – Михаил Иванович Глинка, руски композитор.
1877 – Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист.
1908 – Марко Бошнаков, македонски анархист.
1923 – Иван Мазов, македонски раскажувач.
1967 – Симеон Радев, македонски новинар.
1979 – Жан Реноар, француски филмски режисер.
1984 – Д-р Харалампие Поленаковиќ, македонски научен и културен работник.
1994 – Љубомир Белогаски, македонски сликар и академик.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>