Top

Добро утро (14-ти јуни)

14-ти јуни е 165-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (166-ти во престапна година). Остануваат 200 дена до крајот на годината.

Настани:
1777 – Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
1789 – Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
1800 – Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај Италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
1940 – Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнов стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
1941 – СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
1962 – Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
1982 – Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
1985 – Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
1993 – Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
1996 – Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

Родени:
1736 – Шарл-Огистин де Кулон, француски физичар.
1811 – Хариет Бичер Стоу, американски аболиционист и автор.
1832 – Николаус Ото, германски инженер и пронаоѓач.
1928 – Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара), јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
1946 – Доналд Трамп, американски бизнисмен.
1946 – Масимо Одо, италијански фудбалер.

Починале:
847 – Методиј I Константинополски, патријарх на Константинопол.
1837 – Џакомо Леопарди, италијански поет.
1904 – Јован Јовановиќ – Змај, српски писател.
1934 – Симеон Кавракиров, македонски револуционер.
1968 – Салваторе Квазимодо, италијански поет.
1986 – Хорхе Луис Борхес, аргентински писател.
1994 – Хенри Мансини, американски филмски композитор.
2009 – Боре Ангеловски, македонски актер.

Празници:
* Ден на знамето во САД.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>