Top

Добро утро (13-ти јуни)

13-ти јуни е 164-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (165-ти во престапна година). Останува 201 ден до крајот на годината.

Настани:
313 – Римските ко-императори Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните.
1894 – Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола – Солун.
1944 – Втора Светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети Фау-1.
1956 – Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
1973 – Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.
1983 – Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот систем.
1993 – Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.

Родени:
1831 – Џемс Клерк Максвел, шкотски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век.
1865 – Вилијам Јејтс, ирски писател, Нобеловец
1884 – Антон Дрекслер, германски нацистички лидер.
1888 – Томо Смилјаниќ – Брадина, македонски и српски етнограф.
1894 – Жак-Анри Лартиг, француски фотограф и сликар.
1897 – Паво Нурми, фински атлетичар
1899 – Карлос Чавез, мексикански композитор
1944 – Бан Ки Мун, генерален секретар на Обединетите Нации
1947 – Саво Климовски, македонски правник.
1951 – Васил Дрвошанов, македонски поет.
1959 – Бојко Борисов, премиер на Бугарија.
1982 – Кенениса Бекеле, етиопски атлетичар

Починале:
1886 – Лудвиг II, крал на Баварија.
1943 – Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.
1965 – Мартин Бубер, австриски философ.
1982 – Умре кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследи престонаследникот Фахд.
1993 – Васил Куноски, македонски поет за деца.
1993 – Гајо Петровиќ, хрватски марксистички философ.
2005 – Алваро Куњал, португалски комунистички политичар.
2006 – Вангел Наумовски, македонски сликар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>