Top

Добро утро (11-ти мај)

11-ти мај е 131-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (132-и во престапна година). Остануваат 234 денови до крајот на годината.

Настани:
1867 – Со Лондонскиот Договор, потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург.
1946 – Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа може да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните Италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали – Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.
1973 – Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.
2010 – Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори.

Родени:
483 – Јустинијан I од Византија, византиски император.
1904 – Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД.
1929 – Гане Тодоровски, македонски поет.
1942 – Ирена, принцеза на Грција.
1953 – Ѓорѓе Балашевиќ, српски пејач и писател.
1964 – Сибила Петлевски, хрватска писателка.
1978 – Летиција Каста, француски модел и актерка.
1986 – Абу Диаби, француски фудбалер.

Починале:
1708 – Жил Ардуен Мансар, француски архитект.
1916 – Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам.
1949 – Коци Ѕоѕе, македонски комунист.
1976 – Алвар Алто, фински архитект.
2001 – Даглас Адамс, англиски писател.
2003 – Кирил Ќортошев, македонски филмски, тетарски и телевизиски актер и режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>