Top

Добро утро (10-ти мај)

10-ти мај е 130-иот ден во годината според григоријанскиот календар (131-и во престапна година). Остануваат 235 денови до крајот на годината.

Настани:
1497 – Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка.
1877 – Романија прогласува независност од Отоманската Империја.
1989 – Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.

Родени:
1731 – Виктор Луј, француски архитект, добитник на Римската награда.
1876 – Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1878 – Густав Штрасеман, германски канцелар.
1879 – Симон Петљура, украински политички деец.
1899 – Фред Астер, американски филмски артист и танчер.
1949 – Миучи Прада, италијанска модна креаторка.
1957 – Џавит Асани, македонски политичар и поранешен член на ОНА.
1960 – Боно, ирски пејач.
1966 – Џонатан Едвардс, англиски атлетичар.
1969 – Денис Бергкамп, холандски фудбалер.
1980 – Кирил Лазаров, македонски ракометар.

Починале:
1774 – Луј XV, француски крал.
1969 – Томо Смилјаниќ – Брадина, македонски и српски етнограф.
1975 – Атанас Великов Атанасов, македонски борец.
1977 – Џоана Крафорд, американска артистка.
1989 – Димитар Илиевски – Мурато, македонски алпинист.
1994 – Клинт Брукс, американски литературен критичар.
2006 – Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар.
2008 – Лејла Генчер, турска оперска пејачка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>