Top
Samsung-Galaxy-S6

„Samsung“ ги претстави „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“

Јужно-корејскиот производител на паметни телефони „Samsung Mobile“ ги претстави двата предводници во светот на паметните телефони, „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“. Долгоочекуваните телефони доаѓаат со нов 8-јадрен процесор и имаат задна камера од 16МР. Телефоните имаат 5.1 инчен Quad-HD Super AMOLED дисплеј, за кој компанијата тврди дека е најдобриот на пазарот.

Производителот најави и специјален сет слушалки кои ќе доаѓаат со овие телефони. Двата телефони ќе бидат достапни во 20 земји од 10-ти април, со 32, 64 и 128 GB вградена меморија, меѓутоа немаат можност за зголемување на овој капацитет со мемориска картичка.

„Samsung Galaxy S6 Edge“ има заоблени рабови на дисплејот и истиот ќе се продава по пониска цена во споредба со „Samsung Galaxy S6“.

Samsung-Galaxy-S6-Edge

Веројатно главна карактеристика на овие телефони е тоа што се изработени од метал и стакло, и изгледаат моќно и скапо.

Моделите поддржуваат брзо полнење, но и безжично полнење.

Телефоните работат на најновата верзија на Android оперативниот систем, Android Lolipop 5.0, и освежена верзија на TouchWiz интерфејсот. Исто така, овие модели имаат подобрен скенер за отпечатоци, нудат поголеми можности за персонализација, па затоа доаѓаат со помал број однапред инсталирани апликации за разлика од нивните претходници.

Како што веќе споменавме, ќе користат задна камера од 16МР, со блиц, и предна камера од 5МР, со подобрен квалитет. Вклучуваат и специјален сензор за мерење на отчукувањата на срцето.

Покрај стандарните верзии во црна и бела боја, новите адути на „Samsung Mobile“ ќе се нудат и во златна, сина и зелена боја.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>