Top

Падна и последниот бастион во борбата против пиратеријата

По навршувањето на 4 годишнината од добро познатиот PlayStation 3, компанијата Sony доби роденденска честитка што ни во најлошиот кошмар не би ја посакала. Покрај многуте обиди да се пробие заштитата на Sony кои завршија неуспешно, фирмата OzModChips може да се пофали дека го направила досега невозможното. Таа е веќе позната по тоа што има објавено софтверски додатоци за пробивање на заштитата на XBOX 360 и Nintendo Wii, а сега во своето резиме го вклучува и најобичниот USB стик кој содржи софтвер со кој се заобиколува заштитата на PlayStation 3 и им овозможува на корисниците да играат пиратски игри.

Поднесувајќи тужба против OzModChips , Sony привремено ја сопрел продажбата на USB стикот кој сега само тој може да го поседува. Наводно се очекува закрпување на дупката во својата следна верзија на PlayStation.

Автор: Nesh




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *